На 9 и 10 октомври 2023 во Минхен се одржа состанокот на Комитетот за решавање на спорови при Европскиот патентен институт (EPI). Комитетот за решавање на спорови е тело во рамки на ЕПИ кое ги зема во вид и ги дискутира сите аспекти на постапките за решавање на споровите од областа на патентите во Европа, посебно повредата и валидноста на Европските патенти. Понатаму ги опсервира меѓу-државните договори и релевантната пракса која е во развој.
Валентин Пепељугоски е претставник од Северна Македонија во Комитетот за решавање на спорови и активен учесник на состаноците и во дискусиите. На последниот состанок посебно се дискутираше за: новините во судската пракса и анализата на слуачи, извештаите за вритуелни постапки, спроведување на извршување и надлежност во споровите, Брегзит импликациите врз споровите од областа на патентите, како и теми од областа на едукацијата и образованието.