L`OREAL vs. NOREAL

Францускиот козметички гигант Лореал кој е носител на голем број на трговски марки поврзани со своето портфолио на производи не успеа во своите приговори кои ги вложи пред Јапонскиот Завод каде се регистрираат трговски марки против пријавената трговска марка Нореал.

Трговската марка Нореал, исто како и поголемиот број на трговски марки на Лореал е пријавена во класата 3 од Ничанската Класификација на стоки и услуги, а која класа се однесува за козметички производи.

Главниот аргумент на Лореал пред Јапонскиот завод е дека постои силна сличност помеѓу Нореал и глобално препознатливиот бренд Лореал како од визуелен, така и од фонетски аспект. Ваквата сличност може да предизвика забуна кај просечните потрошувачи при купување на козметички производи.


Сепак, Јапонскиот Завод истакна дека по негово видување трговските марки се разликуваат во значителна мера. Имено, според одлуката иницијалната буква кај двете трговски марки е различна, Н наспроти Л што значитечно влијае на визуелното и звучното доживување на марките. Како потврда на ова, од доставените докази не произлегувало дека марката на Лореал е индикатор за препознатливост помеѓу потрошувачите.

Според критичарите оваа одлука не би имала ист исход на тлото на Европа (а особено не во Европската Унија) од причина што Лореал е добро познат бренд, чиишто трговски марки уживаат поголем степен на заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *