Застапување пред судовите и административните органи

На територијата на Република Северна Македонија, Адвокатското друштво Пепељугоски нуди правна заштита пред сите судски инстанци и административни органи.

За искуството на нашиот адвокатски тим во постапувањето пред судските инстанци на територијата на Република Северна Македонија говори фактот што сме дејствувале како полномошници и застапници на најголемите домашни и странски компании.

За успешноста на нашите адвокати во постапувањето пред судските инстанци на територијата на Република Северна Македонија говори процентот на добиени парници и уште повеќе процентот на задоволни клиенти.

Познавањата на судските постапки (граѓански, кривични и административни) е резултат на секојдневната работа на адвокатите во следење на измените и дополнувањата на законските решенија, судската практика и секако постојаниот контакт со колегите адвокати, судии, обвинители во насока на размена на мислења, искуства и идеи за подобрување на македонскиот правен систем