Финансиски сектор и даночно право

Адвокатското друштво Пепељугоски обезбедува услуги во сите области на деловното право: трговско право, договорно и отштетно право, финансиско право, право на хартии од вредност, право на инвестиции, банкарско право, право на недвижности, царинско и даночно право и слично.

Во нашиот спектар на работа спаѓаат сите правни/деловни области, експертски мислења во врска со удели и акции, корпоративно управување, истражување на пазарот, инвестирање и инвестициони фондови, трансфер на пари, обезбедување на побарувања и сл. Исто така, имаме големо искуство во подготвувањето на договори за купопродажба, залог, хипотека, договори за кредит итн.

Голем број од нашите клиенти бараат од нас да дејствуваме како советници за сите правни и деловни прашања кои го сочинуваат секојдневното работење и целиот процес на еволуирање на една компанија. Ова го сочинува т.н. процес на корпоративно управување, кадешто се јавуваме како консултанти во сите фази на постапката, од вложувањето на основачкиот капитал до изведување на многу сложени финансиски трансакции со помош на широк спектар на инструменти.

Нашето Aдвокатско друштво обезбедува голем број на услуги за компаниите во јавниот и приватниот сектор, како на пример: приватни и јавни понуди, статусни промени (присоединување, делба), јавно приватно партнерство.

Важно е да се напомене и нашето искуство во обезбедување на правна заштита при тргувањето со удели и акции, консултантските услуги во ангажирање на брoкeрски куќи и употреба на финансиски инструменти во секојдневното корпоративно работење на компаниите.Во финансискиот сектор препознатливи сме по обезбедување правна помош за странските инвеститори од аспект на работењето согласно законските прописи во Република Северна Македонија.

Адвокатско друштво Пепељугоски го смета даночното право како една од клучните области на работа, затоа компетентни и посветени сме на обезбедување на најдобрите совети за нашите клиенти од областа на даночното право. Адвокатско друштво Пепељугоски дава правна помош за прашања поврзани со сите видови на даноци, избегнување на двојното оданочување, советување за можни даночни ризици во деловното работење, изработка на правни анализи на законската регулатива на даночното право во државата, застапување во сите видови постапки од областа на даноците и царините пред надлежните органи.