Информатичка технологија и заштита на лични податоци

Со развојот на современата технологија, се почести се проблемите кои се јавуваат во сајбер просторот односно во виртуелниот свет. Проблемот на пиратерија на софтверските програми претставува глобален проблем кој е во рамките на нашето поле на дејствување. Работењето со најпознатите софтверски компании во светски рамки ни овозможи да се стекнеме со искуство од областа на правната проблематика во информатичката технологија и ни овозможи да станеме искусни во решавањето на проблемите кои настануваат во оваа сфера.

Како дел од нашите услуги во оваа област се јавуваат изработка на правни мислења и толкувања на регулативата во Република Северна Македонија и компаративно, заштита на авторските права поврзани со софтверот и софтверски програми, Интернет регулативата, спречување на злоупотребата,  користењето на легалниот и производството на нелегален софтвер. Истовремено, обезбедуваме судска заштита во случај на настанување на злоупотреба или повреда на носителите на правaта на софтвер или софтверски програми, известување на надлежните институции и тела за постоењето на повреда на авторските права на нашите клиенти и заедничко постапување во насока на спречување на нелегалното произведување, продажба и користење на софтвер и софтверски програми. Исто така, поднесуваме барања за регистрација на домени и обезбедуваме услуги поврзани со е-бизнис, електронска трговија, електронско банкарство, регулирање на статусот и работата на интернет провајдерите, ИП телевизија, дигитална телевизија, и останата дигитална технологија.

Современото општество се отсликува со брз развој на технологијата како движечка моќ на глобализацијата и информатички подем на употребата на лични податоци, поради што водечки предзвик во правото е областа на заштита на лични податоци.

Нашиот тим на искусни адвокати со широки познавања во секој момент е подготвен да одговори на овие современи предизвици и на растечката побарувачка на клиентите за правни услуги од областа на заштита на лични податоци и тоа нудејќи информации, поддршка, консултации, советување, правни мислења и сеопфатна помош во процесот на хармонизација со најновите трендови и регулативи од оваа област, со посебен осврт на европските регулатива во областа на заштитата на личните податоци, како Европската регулатива 2016/679 (GDPR), како и новата домашна законска и подзаконска регулатива за заштита на личните податоци, вклучувајќи го и актуелниот развој на пракса на надлежните регулаторни тела во државата и праксата, мислењата и ставовите на регулаторните тела на европско ниво.

Адвокатско друштво Пепељугоски нуди услуги и на советување, ревизија и помош на клиентите за усогласување на нивната интерна документација со домашната регулативата за заштита на лични податоци, како и услуги на застапување на клиенти во постапките за заштита на лични податоци пред надлежните институции и судови.