Корпоративно управување

Адвокатското друштво Пепељугоски е познато како истакнат правен советник на клиентите во трансакции и сложени корпоративни и трговски предмети. Нашите услуги опфаќаат од едноставни работи на основање на друштва, па се до сложените постапки на статусни промени и тоа: реструктурирање, спојување, раздвојување, изработка на правни Due Diligence и сл.

Во голем број на предмети сме инволвирани како општи правни советници кои го водат друштвото од самото основање заедно со сите аспекти на еволуирање и промени во текот на неговиот корпоративен живот.

Во изминатите години нашиот тим изгради одлична репутација како лидер во националните и меѓународни корпоративни трансакции на територијата на Република Северна Македонија, вклучувајќи приватни М&А, постапки по јавни набавки/тендерски постапки и изработка на правни мислења и акти за корпоративно управување. Значајно е исто така и да се напомене дека сме учествувале како правни консултанти при основањето и корпоративното поставување на голем број на странски инвестиции во Република Северна Македонија.