Пуштен во употреба број за итни случаи 112

Европскиот број за итни случаи 112, од денеска е во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

Адвокатот Дејан Стојаноски од Адвокатско друштво Пепељугоски беше ангажиран како senior legal expert на проектот за воведување на целиот систем за одговор на итни случаи и учествуваше во размената на добри практики со земјите на ЕУ кои се признаени како пример за меѓународни најдобри практики во овој процес и нивно прилагодување на локалното законодавство.

Горди сме на улогата што адвокатот Стојановски ја имаше во целиот проект кој по долгогодишна подготовка ќе биде ставен во функција на граѓаните.

Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи.

Итниот број 112 е предвиден како додаток на постоечките броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *