Државниот завод за индустриска сопственост го објави документот за практиката РЕЛАТИВНИ ОСНОВИ – ВЕРОЈАТНОСТ ЗА ЗАБУНА (ВЛИЈАНИЕ НА НЕДИСТИНКТИВНИТЕ/СЛАБИТЕ КОМПОНЕНТИ)

Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) во рамки на континуираната собработка со Канцеларија за интелектуална сопственост на Европска Унија (ЕУИПО) а со цел усогласување на критериумите содржани во Заедничката практика за релативните причини за одбивање – веројатност за забуна (влијание на недистинктивните/слабите компоненти)  го донесе и објави Документот за практиката (CP5).

Целта на Државниот завод за индустриска сопственост со донесување и примена на овој документ за практиката е да се зголеми правната сигурност, транспарентноста и  предвидливоста како за корисниците, така и за испитувачите во ДЗИС но и воедначување на праксата на Заводот при утврдување на постоење на релативни причини за одбивање.

CP5 документот е составен од два дела. Во првиот дел се наведени критериумите и главните принципи на практиката, додека во вториот дел е дадено нивно детално објаснување. Овој документ се применува од страна на Државниот завод за индустриска сопственост почнувајќи од 06.04.2024 година.

Иако документ ги утврдува приципите, на кои Заводот ќе ја заснова својата практика и се применува генерално, со цел да бидат опфатени најголем број случаи. Сепак веројатноста за забуна мора да се проценува од случај до случај а принципите служат како насоки  за обезбедување на предвидлив заклучок кога се работи за исти трговски марки и за исти основи.

Предмет на анализа на овој документ за практиката (CP5) не е целосна оцена на веројатноста за забуна, туку еден нејзин дел а тоа е влијанието на недистинктивните/слабите компоненти на предметните марки како еден од факторите што треба да се земат предвид при оцена на веројатноста за забуна. Иако има многу фактори што може да имаат влијание врз глобалната оцена на веројатноста за забуна, како што се доминантните компоненти, степенот на внимание на релевантната јавност, коегзистенцијата, состојбата на пазарот, семејството трговски марки итн., оваа практика нема за цел да утврди кои се тие фактори ниту, пак, критериуми за нивна процена или меѓузависноста помеѓу нив.

Оваа практика исто така не ги опфаќа ниту прашањата кое се однесуваат на подобрена дистинктивност на трговска марка и дистинктивност стекната преку употреба, факторите што се разгледуваат кога се оценува веројатноста за забуна, меѓузависностите помеѓу оцената на дистинктивноста и на сите други фактори што се разгледуваат кога се оценува веројатноста за забуна и прашањата за јазикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *