Александар Трајковски избран за член на Надзорен Одбор на Здружението на правници

Со гордост и задоволство објавуваме дека на ден, 28 септември 2023 година, на седницата на Здружение на правници, колегата Александар Трајковски, партнер во Адвокатското друштво Пепељугоски, беше избран за член на Надзорен Одбор во мандатниот период од 01.10.2023 год. до 11.06.2027 год.  

Здружението на правници е најстарото здружение од оваа област, основано во 1968 година, во кое правниците се здружени со цел да ги остваруваат, задоволуваат и заштитуваат своите стручни и други интереси и организирано да дејствуваат и помагаат во остварувањето на Република Северна Македонија како правна држава во која владее правото и во која се почитуваат и остваруваат меѓународните стандарди во различните сфери на живеењето и работењето.

Александар Трајковски е искусен правник со богато и успешно искуство во областа на правото. Сигурни сме дека неговата посветеност и експертиза ќе донесат дополнителна вредност и интегритетот на Здружението на правници. Среќни сме што можеме да го споделиме овој одличен момент со нашата заедница и му посакуваме многу успех во новата мандатна функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *