Европската комисија ја усвои Регулативата за имплементирање на странски субвенции (ФСР)

Усвоената Регулатива за имплементирање на странски субвенции која треба да се применува од 12 јули 2023 година содржи важни промени во легислативата и ѝ дава овластување на Комисијата да ги оценува и нарушувањата предизвикани од странските субвенции на внатрешниот пазар на ЕУ.

Фокусот на ФСР е на зделките за спојување и преземање (М&А) и јавни тендери во ЕУ, а засегнатите субјекти ќе бидат компании кои примаат странски финансиски субвенции (поттикнувања) од земји кои не се членки на ЕУ (или поврзани субјекти) кои се над 1 милион евра и се смета дека ќе предизвикаат „веројатното нарушување“ на пазарот. Членот 5 од ФСР дефинира во кој случај субвенциите (поттикнувањата) би можеле да предизвикаат „веројатното нарушување“ на пазарот: (i) поддршка на пропаднат бизнис; (ii) давање неограничени гаранции; (iii) директно олеснување на концентрацијата; (iv) мерки за финансирање на извозот што не е во согласност со Конвенцијата на ОЕЦД за официјално поддржани извозни кредити; и (v) да ѝ овозможи на компанијата да поднесе неоправдано поволна понуда.

ФСР бара самодавање на преглед на трансакциите, кои се над 1 милион евра поединечно и се повеќе од 45 милиони евра (за зделки за спојување и преземање- М&А) или 4 милиони евра (за јавни тендери во ЕУ) вкупно по земја која не е членка на ЕУ за период од три години.

Дополнително, следните видови на договори (иако се во во вкупниот износ од 45 евра/4 милиони евра) не се предмет на ограничувањата и потребата за пријавување согласно ФСР:

  • Договори за набавка/купување на стоки/услуги (освен финансиски услуги);
  • Одложување на плаќање даноци и/или придонеси за социјално осигурување, даночни олеснувања и даночни амнестии, како и правила за нормална амортизација и пренос на загуби кои се од општа примена. Меѓутоа, ако овие мерки се ограничени, на пример, на одредени сектори, региони или (видови) претпријатија, тие ќе треба да бидат пријавени;
  • Примена на даночни олеснувања за избегнување на двојното оданочување во согласност со одредбите на билатералните или мултилатералните договори за избегнување на двојното оданочување, со исклучок, сепак, едностраните даночни олеснувања што се применуваат според националното даночно законодавство, кои ќе треба да се пријават; и
  • Посебно ослободување за инвестициските фондови. За да има корист од ослободувањето, инвестицискиот фонд треба да исполнува два кумулативни критериуми:
    • Фондот што го контролира ентитетот што презема е предмет на Директива за инвестициски фондови/еквивалентно законодавство;
    • Економските и комерцијалните трансакции  помеѓу фондот што го контролира ентитетот што презема и другите инвестициски фондови и компаниите контролирани од овие фондови со кои управува инвестицискиот фонд не се присутни или се ограничени.

Со цел да бидат усогласени со ФСР, компаниите сега треба да ги собираат релевантните податоци на постојана основа (и во последните три години) за да ја утврдат нивната изложеност и да ги имаат податоците лесно достапни во случај на трансакции за спојување и превземање (М&А) или јавен тендер во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *