Начелно правно мислење на Врховниот суд

На ден 11.07.2023 година Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Начелно правно мислење согласно кое „Користењето на слободни денови поради работата подолга од полното работно време претставува отсуство од работа.„ Начелното правно мислење е донесено по прашањето дали искористените слободни денови / слободни часови за претходно одработени, а неплатени прекувремени часови (кои се користат согласно закон и колективен договор), претставуваат отсуство од работа во смисла на отсуствата определени на повеќе од 21 ден согласно член 117 став 4 од Законот за работните односи, кое прашање е од значење за обезбедување на единствена примена на наведениот закон од страна на судовите.

Согласно образложението на Врховниот суд, според член 112 став 1 и 2 од Законот за работни односи (1) Работникот има право на надоместок на плата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаевите кога не работи од причини на страната на работодавачот. (2) Работодавачот е должен да му исплати надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишен одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот. Согласно член 117 став 4 од ЗРО на работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал повеќе од 21 ден во текот на годината кај истиот работодавач, во кој не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина на една просечна плата на републиката.

Од таа причина, Врховниот суд смета дека користењето на слободни работни денови за работа подолга од работното време неспорно произлегува дека претставува оправдано отсуство од работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *