Измени во Законот за ДДВ

Владата на Република Северна Македонија во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните и давање на дополнителна поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите во услови на економска криза ги усвои измените на Законот за додадена вредност кои се објавени на ден 12.03.2022г. во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 57/2022.  Со донесените измени на законот, предвидено е намалување на стапката на данокот за додадена вредност односно за дел од производите и ослободување од  данок на додадена вредност.  

Согласно законските одредби, во услови на големи природни непогоди или епидемии во Република Северна Македонија, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна состојба или при одлука за постоење на кризна состојба, кога настанале или можат да настанат пореметувања во снабдувањето на населението или пореметувања во други области кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производство, преработка и за животот и здравјето на луѓето, како и во услови на потреба за обезбедување на производи и суровини, кои се од посебно стратешко значење за Република Северна Македонија, се ослободува од данок на додадена вредност, прометот на производи за човечка исхрана.

Согласно законските одредби, исто така се предвидува дека во услови на големи природни непогоди или епидемии во Република Северна Македонија, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна состојба или при одлука за постоење на кризна состојба, кога настанале или можат да настанат пореметувања во снабдувањето на населението или пореметувања во други области кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производство, преработка и за животот и здравјето на луѓето, како и во услови на потреба за обезбедување на производи и суровини кои се од посебно стратешко значење за Република Северна Македонија, повластената даночна стапка од 10% се применува врз прометот и увозот на енергенти.

Донесените законски решенија ќе обезбедат спроведување на мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0% за производите: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо; ориз и јајца.

Со измените во Законот за ДДВ  се ослободуваат од плаќање на овој данок и увозот на природен гас, електрична енергија, топлинска енергија и енергијата за разладување.

Ослободувањето од ДДВ за одделните видови на производи за човечка исхрана ќе се применува од 17.03.2022 до 31.05.2022.

Намалувањето на стапката на ДДВ при промет на енергенси ќе биде од денот на објавување на прописите во Службен Весник односно од 12.03.2022 до 31.05.2022 год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *