Промени во начинот на пристап до системот е-Работа на Агенцијата за вработување

Со почеток од 21.02.2022 година, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија го промени начинот на пристап до системот е-Работа преку интеграција со системот за единствена најава eID на Министерството за информатико општество и администрација.

Имено, еден корисник на е-Работа може да се најави во системот со свое лично корисничко име, без разлика дали користи услуги за физичко или правно лице, доколку има eID на ниско ниво и доколку има корисничко име како физичко лице во Системот за единствена најава на Министерството за информатичко општество и администрација.

Правните лица од приватниот сектор кои ги користат услугите на е-Работа, со цел да имаат пристап до системот, потребно е уредно да го пополнат и заверат образецот – Овластување за пристап, кој е издаден од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, со кој се овластуваат лицата кои во име на правниот субјект имаат пристап до системот е-Работа. Пополнетото Овластување на пристап потребно е да се достави до надлежниот центар за вработување, како овластените лица би добиле пристап до системот е-Работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *