Измени на Законот за работно ангажирање на лица

Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 148/2026 од 6 јули 2026 година, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за работно ангажирање на лица, со кој се воведуваат неколку значајни промени во начинот и условите за работно ангажирање:

  • Продолжување на периодот на ангажирање – се овозможува работно ангажирање до 180 дена во календарска година, што претставува зголемување на максималниот период за ангажирање.
  • Поголем број ангажирани лица во угостителството – кај работодавачите со до 100 вработени може да се ангажираат до 10 лица, додека кај работодавачите со повеќе од 100 вработени е дозволено ангажирање до 15% од вкупниот број вработени.
  • Задолжително пријавување пред започнување со работа – ангажираното лице мора да биде пријавено пред почетокот на смената. Со ваквата одредба се напушта претходното законско решение на пријавување во определени часови во текот на денот.
  • Промени во инспекцискиот надзор – рокот за отстранување на утврдените неправилности повеќе не е единствено определен, туку го определува инспекторот согласно природата и тежината на неправилноста и времето потребно за нејзино отстранување.
  • Право на жалба – против решението на инспекторот може да се поднесе жалба во рок од 15 дена од приемот на решението, при што жалбата не го одложува извршувањето на решението.
  • Прекршочна одговорност – се предвидуваат санкции и за непостапување по налозите на инспекторот за отстранување на утврдените неправилности.

Измените овозможуваат поголема флексибилност при ангажирањето на лица за сезонски и повремени работи, особено во угостителството. Истовремено, се заострува обврската за навремена регистрација на ангажираните лица и се засилува инспекцискиот надзор, со што ќе придонесе за поголема контролира и спречување на било каква злоупотреба на правата на ангажираните лица од страна на работодавачите.

Leave a Reply