Закон за употреба на Македонскиот јазик

„Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката.  Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е право и должност на граѓаните на Републиката.“- вака гласи членот 2 од Законот за употреба на македонскиот јазик [1] (во понатамошниот текст. “Закон/от“).

Со Законот се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен јазик на територија на Македонија, се утврдува потребата од заштита, промовирање и збогатување на македонскиот јазик. Воедно со Законот се предвидени и одредби за лекторирање кои пропишуваат дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и други текстови што се објавуваат во согласност со законоските одредби, задолжително се лекторираат на македонски јазик.

Со најновите измени и дополнувања на Законот за употреба на македонскиот јазик, донесени во 2024 година, предвидено е задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање на македонски јазик.

Лекторирањето може да се врши од страна на лице со положен испит за лектор, односно со добиена лекторска лиценца во согласност со одредбите на Законот. Лекторска лиценца ја дава Министерството за култура по положен испит во согласност со законските одредби.

Законските измени и дополнувања ќе се спроведуваат под надозор од страна на посебно тело, кое е основано за таа намена – Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик. Воедно согласно со Законот се дава и правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Од измените и дополнувањата на законот произлегуваат многу важни иницијативи, меѓу кои и стипендирање на учениците во четврта година од средното образование, но и на студентите на  додипломски, магистерски и докторски студии, со што се прави голем исчекор кон мотивирање на младите.

Новиот Закон е еден современ Закон кој содржи многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба. Измените се очекува дека ќе влијаат позитивно на интересот на младите за студирање во оваа област, а воедно ќе го зајаканта македонскиот идентитет и култура.


[1] „Службен весник на Република Македонија“ 98/2005, 89/2008, 116/2010,187/2013, 152/2015, 193/2017).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *