Одредби од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам кои стапуваат во сила од 01.01.2024 година

Согласно член 58 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, се предвидува забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност, во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено. Во ставот три од истиот член се предвидува дека оваа забрана не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

Имено, согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, се предвидува дека од 1 јануари 2024 година, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 58, ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност, во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Дополнително, согласно став 2 од истиот член, од 1 јануари 2025 година, забраната ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *