Дали правата на интелектуална сопственост се човекови права?

Првите прописи кои ја регулираат интелектуалната сопственост датираат од деветнаесеттиот век и истите се на ниво на меѓународни конвенции. Но, експанзијата на националната кодификација на правата од интелектуална сопственост се одвива во првата половина на дваесеттиот век. На 10.12.1948 година е направена првата пресвртинца во поглед на афирмацијата на правата на интелектуална сопственост како човекови права со донесување на Универзалната декларација за човековите права. Согласно членот 27.2 од Универзалната декларација „секој има право на заштита на моралните и материјалните интереси кои резултираат од научни, литературни и артистички продукции на кои е автор“. Неколку години подоцна, усвоена е и Европската Конвенција за човекови права, каде правото на интелектуална сопственост ужива заштита како човеково право во категоријата на права на сопственост (Член 1 од Протокол 1 – Право на сопственост: „Секое физичко или правно лице има право мирно да ја ужива сопственоста“). Европскиот суд за човекови права, во Прирачникот кон член 1 од Протокол 1 на Европската Конвенвија, но и во голем број на пресуди (пр. Anheuser-Busch Inc. V. Portugal) го афримира овој принцип дека правата на интелектуална сопственост всушност се основни човекови права. Ваква формулација содржи и Уставот на Република Северна Македонија во членот 47 „гарантира слобода на научното, уметничкото и другите видови на творештво и правата кои произлегуваат од научното, уметничкото и другите видови на интелектуално творештво“.  Оттука со право можеме да прававата на интелектуална сопственост го имаат пронајдено своето место во рамките на системот на човекови права.