Нашиот тим во предновогодишна посета на училиштата во Бучим, Парналија и Тополница

Тимот професионалци од Адвокатско друштво Пепељугоски традиционално секоја година во пресрет на новогодишните празници наоѓа начин како да ја поддржи заедницата преку активности кои пред се значат отворање можности за децата од руралните средини.

Годинава д-р Ана Пепељугоска, м-р Светлана Нечева, Филип Пантов и Фросина Касниоска ги посетија учениците во подрачните училишта во селата Бучим, Парналија и Тополница во кои 69 деца посетуваат настава на турски јазик. Во координација со наставниците и директорот на ООУ Никола Карев од Радовиш беше утврдено што е неопходно да се набави од едукативен и дидактички материјал за поквалитетно одвивање на наставата од прво до петто одделение но и кои подароци најмногу ќе ги израдуваат учениците.

Како Адвокатско друштво веруваме дека секое дете треба да има пристап до квалитетно образование и настојуваме во континуитет да придонесуваме за подобри услови во училиштата.  Оваа донација од опрема и дидактичко- едукативни материјали за ООУ Никола Карев од Радовиш е наменета за подрачните училишта во селата Бучим, Парналија и Тополница, училишта во кои настава посетуваат 69 деца. Соништата и желбите на овие деца треба да бидат пресретнати со многу отворени можности за учење и напредок. Во сезоната на празнување, дарување и новогодишна магија, задоволство ни е што денеска бевме пречекани од насмеани лица и запознавме љубопитни млади умови кои се стремат кон знаење. Остануваме посветени на нашата определба да вложуваме во заедницата и да придонесуваме кон создавање услови за младите да успеат.“, рече д-р Ана Пепељугоска, адвокат партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *