Предлог Закон за данок на солидарноста (Данок на екстра профит)

На предлог на Министерството за финансии на РСМ, во собраниска постапка по скратена постапка е влезен Предлог на Законот за данок на солидарноста со кој се уредува оданочувањето, обврзникот, даночната основа, роковите за плаќање на данокот како и други прашања кои се од значење за утврдување и плаќање на данокот за солидарноста.

Целта на овој данок, според Министерството за финансии на РСМ е истиот да се плаќа и утврдува во услови на непредвидливи и неповолни економски околности во РСМ. Како една од целите се јавува и обезбедување на дополнителни средства за финансирање на програмите за справување со КОВИД-19 кризата и други анти кризни мерки.

Основните принципи на кој се заснова овој закон се правичност, еднаквост и пропорционалност.

Согласно член 3 од Предлог Законот, обврзник на  данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка,  кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари (10.000.000 евра). Ова значи дека обврзник на данокот на солидарност ќе биде секое правно лице резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство. Дополнително, даночен обврзник може да биде и постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на РМ.  Непрофитните организации, не се обврзници за данок на добивка и соодветно не можат да бидат обврзници на данок на солидарност.

Применливата стапка на данокот на солидарност е дефинирана во член 6 од Предлог
Законот и изнесува 30 % на пропишана даночна основа.  Постојат две правила за утврдување на даночната основа и тоа:

  1. ОСНОВНО ПРАВИЛО: Даночна основа е разликата помеѓу даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2022 година и просечниот износ на даночна основа по намалување утврдена во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди (2018, 2019 и 2021 година) зголемен за 20%,
  2. АЛТЕРНАТИВНО ПРАВИЛО (се применува само доколку истото е поповолно): Даночна основа е разликата помеѓу просечниот износ на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2021 и за 2022 година и даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди (2017, 2018 и 2019 година)  зголемен за 20%.

За непочитување на одредбите предвидени со овој Предлог Закон, во истиот се пропишани и казни во ранг од 3.000-20.000 евра во зависност од прекршокот и во зависност од тоа дали се однесуваат на овластеното лице и/или на правното лице.

Контрола на спроведувањето на овој Закон, доколку истиот биде донесен ќе врши Управата за јавни приходи на РСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *