На 03.11.2021 година на директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Г-дин Горан Герасимовски му беше предаден вториот Нацрт на Стратегијата за интелектуална сопственост на Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година. Овој Нацрт во кој се вградени сите забелешки на засегнатите министерства, заводи и агенции е изработен во рамките на проектот EU framework contract for the implementation of external aid 2018 europeaid “Support to the bureau for industrial property”. Експертскиот тим за подготовка на Стратегијата е предводен од Г-дин Жељко Топиќ и Г-дин Валентин Пепељугоски.