Адвокатско друштво Пепељугоски го проширува својот тим и бара адвокат кој сака професионално да се развива преку работа на конкретни предмети, директна комуникација со клиенти и вклученост во различни области од правото.
Позицијата е наменета и за кандидати кои се на почетокот на својата професионална кариера. Претходно работно искуство како адвокат е предност, но не е услов.
Главни одговорности
- Правно истражување и анализа на законска регулатива, судска практика и други релевантни извори
- Подготовка и изработка на договори, тужби, жалби, приговори, барања, правни мислења, поднесоци, документација за статусни промени во друштва и друга правна документација
- Подготовка и работа на судски и управни предмети
- Застапување пред судови, државни органи и други институции, согласно законските овластувања
- Комуникација со клиенти и учество на состаноци
- Следење рокови, предмети и документација
- Соработка со останатите членови на тимот при решавање комплексни правни прашања
Од кандидатот очекуваме
- Завршени студии по право, согласно условите предвидени со закон
- Положен правосуден испит во Република Северна Македонија
- Добро познавање и способност за практична примена на законската регулатива
- Одлични аналитички способности и правно резонирање
- Прецизност и јасност при изработка на правни документи
- Одлично познавање на македонски јазик
- Добро познавање на англиски јазик, писмено и усно
- Одговорност, професионалност и почитување на рокови
- Способност за самостојна работа, но и за работа во тим
- Желба за учење, преземање одговорност и професионален развој
Претходното искуство во адвокатска канцеларија, компанија или друга правна средина ќе се смета за предност, но не е задолжително.
Што нудиме
- Работа на реални и разновидни правни предмети
- Можност за директно учество во целиот процес на работа со клиентот и предметот
- Менторство и професионален развој
- Можност за постепено преземање поголема самостојност и одговорност
- Средина во која се вреднуваат иницијативноста, квалитетот на работата и професионалниот интегритет
- Конкурентни услови за работа и можност за долгорочна соработка
Заинтересираните кандидати можат да испратат CV на sneceva@pepeljugoski.com.mk со назнака „Апликација за Адвокат.
Рок за аплицирање: 09.10.2026.
Само кандидатите избрани за следната фаза ќе бидат контактирани.

