ОТВОРЕНА ПОЗИЦИЈА: АДВОКАТ

Адвокатско друштво Пепељугоски го проширува својот тим и бара адвокат кој сака професионално да се развива преку работа на конкретни предмети, директна комуникација со клиенти и вклученост во различни области од правото.

Позицијата е наменета и за кандидати кои се на почетокот на својата професионална кариера. Претходно работно искуство како адвокат е предност, но не е услов.

Главни одговорности

  • Правно истражување и анализа на законска регулатива, судска практика и други релевантни извори
  • Подготовка и изработка на договори, тужби, жалби, приговори, барања, правни мислења, поднесоци, документација за статусни промени во друштва и друга правна документација
  • Подготовка и работа на судски и управни предмети
  • Застапување пред судови, државни органи и други институции, согласно законските овластувања
  • Комуникација со клиенти и учество на состаноци
  • Следење рокови, предмети и документација
  • Соработка со останатите членови на тимот при решавање комплексни правни прашања

Од кандидатот очекуваме

  • Завршени студии по право, согласно условите предвидени со закон
  • Положен правосуден испит во Република Северна Македонија
  • Добро познавање и способност за практична примена на законската регулатива
  • Одлични аналитички способности и правно резонирање
  • Прецизност и јасност при изработка на правни документи
  • Одлично познавање на македонски јазик
  • Добро познавање на англиски јазик, писмено и усно
  • Одговорност, професионалност и почитување на рокови
  • Способност за самостојна работа, но и за работа во тим
  • Желба за учење, преземање одговорност и професионален развој

Претходното искуство во адвокатска канцеларија, компанија или друга правна средина ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Што нудиме

  • Работа на реални и разновидни правни предмети
  • Можност за директно учество во целиот процес на работа со клиентот и предметот
  • Менторство и професионален развој
  • Можност за постепено преземање поголема самостојност и одговорност
  • Средина во која се вреднуваат иницијативноста, квалитетот на работата и професионалниот интегритет
  • Конкурентни услови за работа и можност за долгорочна соработка

Заинтересираните кандидати можат да испратат CV на sneceva@pepeljugoski.com.mk со назнака „Апликација за Адвокат.

Рок за аплицирање: 09.10.2026.

Само кандидатите избрани за следната фаза ќе бидат контактирани.

Leave a Reply