Адвокатско друштво Пепељугоски има потреба од Адвокатски приправник

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – дипломиран правник или магистар по правни науки (300 ЕКТС) без положен правосуден испит
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Познавање и работа со MS Office
  • Одлични комуникациски вештини и тимска работа
  • Доверливост, лојалност, професионалност и флексибилност
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи

ПРИДОБИВКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ:

  • Работа со професионален и искусен тим
  • Професионална надградба и усовршување
  • Можност за напредување во кариерата

Работното време започнува од 08:30 до 16:30 часот од понеделник до петок.

Висината на месечниот надомест зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Кандидатите потребно е да достават кратка биографија на следната e-mail адреса: sneceva@pepeljugoski.com.mk и skrstevska@pepeljugoski.com.mk

Рокот за аплицирање е до 29.03.2024 година

Со доставување на кратката биографија, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Адвокатското друштво Пепељугоски за потребите на избор на кандидат за потребното работно место согласно Законот за заштита на личните податоци.

Ве очекуваме во нашиот тим!