Октомвриското издание на билтенот за решавање на спорови (арбитража и парнична постапка) на Андерсон Глобал се занимава со справување со предизвиците од вонредните промени во економските односи. Во светло на моменталната неизвесна глобална ситуација во врска со економската криза, пандемијата на коронавирус и руско-украинската војна, меѓу другите брилијантни правни умови, нашата д-р Ана Пепељугоска партнер/адвокат во соработка со Филип Пантов адвокатски приправник во Адвокатското друштво Пепељугоски даде свој придонес во билтенот со давање преглед на правните размислувања за виша сила од аспект на нашата јурисдикција.