Успешно завршена меѓународна арбитражна конференција на тема: „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Успешно заврши меѓународна арбитражна конференција на тема: „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“,  која беше организирана од страна на  Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на С.Македонија и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) на ден 11-12.05.2021 година.

Г-динот Пепељугоски, како член на Претседателството на Постојаниот избран суд  – Арбитража имаше особено задоволство да биде модератор на панелот на вториот ден од Конференцијата на тема Признавање и Извршување на Арбитражни пресуди во три земји од Југо-Источна Европа, со фокус на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Хрватска.

Арбитражната конференција беше онлајн настап кој беше посетен од приближно 100 учесници од земјата и регионот и каде земаа учество и дискутираа и членовите на Адвокатското друштво Пепељугоски м-р Светлана Нечева, Адвокат и д-р Ана Пепељугоска Костовска, Адвокат.