Адвокат/Соработник
Дејан Стојаноски
- Дипломира на Правниот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2002 година, од кога е и вработен во Адвокатската канцеларија Пепељугоски.
- Положи правосуден испит во 2005 година, со што станува Адвокат. Во 2007 година има положено и Испит за застапници за заштита на права од индустриска сопственост.
- Учесник е на Distance Learning Seminar за Регулирање на приватниот сектор, организиран од ИДЛО во 2005 година (Србија, Босна и Херцеговина и Македонија).
- Зема учество во подготвување на Doing Business 2009 за Република Македонија, како Doing Business 2010 за Република Македонија, на темата: Реформи низ тешки времиња (Reforming through Difficult Times).
- Од октомври 2011 година е учесник на Мастер програмата со двојна диплома организирана од Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и Универзитетот во Стразбург (Центар за меѓународни студии по Интелектуална сопственост).
- Зборува течно англиски, српски и бугарски јазик.