Грифин против Ширан

Во последно време се поактуелно станува прашањето во која мера на композиторите треба да им биде дозволено да позајмуваат делови од дела кои се создадени порано, како и колкав дел од песната е „сопственост“ на композиторот. Во оваа насока, пролетва во Њу Јорк е актуелно судењето помеѓу Грифин (наследник на една третина од тантиемите на песнта  “Let`s Get It On”) и Ширан чиј што предмет е дали Ширан нелегално преземал дел од песната “Let`s Get It On” при создавањето на неговата “Thinking Out Loud”.

Грифин се обидела да го извести Сони дека песната “Thinking Out Loud” ја содржи целокупната музика само со променет текст, но сметала дека Сони најверојатно не е заинтересиран бидејќи се јавува како издавач и на оваа песна. Сепак, Сони ангажирал приватни музиколози да ја испитаат сличноста меѓу двете песни и наводно истите не нашле дека станува збор за повреда на авторско право. Од овие причини бидејќи Сони се наоѓа на двете страни во овој спор, мора да ја задржи својата неутралност.

Во САД кај предметите за повреда на авторско право сличностите се оценуваат од два типа на индивидуи, професионалци и лаици. Професионалците се ангажираат во форма на експерти на судењата, а поротата е слушач лаик (ова е т.н. Арнстејн тест од случајот Arnstein v. Porter од 1946 година).

Имајќи го во вид фактот дека песната “Let`s Get It On” е снимена пред 1978 година, на неа се применува Законот за авторско право од 1909 година, што претпоставува претходно делото да биде регистрирано пред Заводот за авторско право во Вашингтон како депонирана копија. Ова значи дека поротниците ќе треба да ги прегледаат сите пет страници музика за песната “Let`s Get It On” кои содржат текст, мелодија и ноти и нотни белешки.

Иако се смета дека делата како целина подлежат под авторско правна заштита, треба да се напомене дека композиторот има право на „сопственост“ на одредена посебна експресија или аранжман на музичката идеја, а не на самата идеја. Прашањето кое се поставува од правен аспект е како да се раздвојат овие два концепти.

Во конкретниот случај раздвојувањето е особено тешко од причина што Ширан е многу вешт при комбинирање на неговите песни со песни од други артисти. Ова често пати го прави самостојно и на своите концерти, но некогаш и на барање на публиката.

Исто така значајно е да се напомене дека Ширан е често пати обвинуван дека повредува авторски права на други артисти и дури се смета дека причината зошто тој точку брзо ги создава своите дела е поради тоа што истите во голем дел се веќе создадени, а тој само ги „копира“.