ADIDAS vs. BLACK LIVES MATTER

Неодамна агенцијата Ројтерс објави информација дека компанијата АДИДАС го повлекла приговорот прoтив регистрација на новaтa трговскa марка во САД, лого со три линии. Оваа информација е до толку повеќе интересна затоа што се случува два дена подоцна, откако АДИДАС доставил приговор против регистрацијата на трговска марка на движењето BLACK LIVES MATTER до американскиот завод за трговски марки.

Извори од компанијата ова го оправдуваат со ставот дека пошироката јавност може погрешно да го разбере приговорот, односно дека спортскиот бренд  е генерално против употреба на било кои три паралелни линии. Изворот исто така посочил дека компанијата е во дилема дали да дозволи широка употреба на овие три паралелни линии и да ризикува да станат премногу општи (генерички).

Извор: https://chiever.nl/

АДИДАС го изградил и го одржува овој светски познат дистинктивен бренд повеќе од 70 години и токму поради тоа доаѓа до ограничувања во обемот на заштитата. Иако се работи за основен и едноставен знак, три паралелни прави линии, АДИДАС сѐ почесто е пред предизвикот од компаниите кои заштитуваат две или четири паралелни прави линии.

Извор: https://chiever.nl/

Од друга страна многумина сметаат дека трговската марка на движењето BLACK LIVES MATTER со три паралелни жолти линии опасно се доближува до дизајнот на АДИДАС и создава конфузија. Трговската марка на прв поглед веднаш асоцира на некаква вклученост на АДИДАС во производите.  И покрај тоа, размислувањата на АДИДАС за повлекување на приговорот сепак се во насока на заштита на сопствениот бренд. Движењето BLACK LIVES MATTER кое се бори против расизмот би придобило многу повеќе симпатии од реномираниот АДИДАС во случај на евентуален судски спор.

Извор: https://chiever.nl/

Но, останува дилемата дали некоја друга компанија, следејќи го овој пример, ќе се осмели да регистрира своја трговска марка со три паралелни прави линии.