Lindt vs. Lidl (Битката на чоколадните зајачиња)

Швајцарскиот производител на чоколади Lindt & Spruengli конечно го доби судскиот спор против синџирот супермаркети Лидл за иконското зајаче. Оваа пресуда ја поништи претходната одлука на понискиот швајцарски суд, во која Лидл имаше успех.

Се смета дека еден од најпродаваните производи на Линдт е чоколадното зајаче завиткано во златна фолија со црвена лента и ѕвонче, кое ужива заштита како тродимензионална трговска марка од 2001 година. Врз основа на оваа регистрација на трговска марка, Линдт поднесе тужба против Лидл во 2018 година, која пласира во своите супермаркети слично зајаче (види слика подолу).

Во текот на постапката, Лидл, тврдеше дека обликот на зајачето на Линдт е типичен за чоколадните зајачиња и оттука следува дека не е дистинктивен. Главниот аргумент на Лидл беше дека тродимензионалната трговска марка на Линдт нема да ги задоволува строгите барања на препознатливост и дистинктивност согласно правото на индустриска сопственост. Од друга страна, Линдт се потпираше на истражувањето на пазарот кое покажа дека швајцарскиот потрошувач го поврзува обликот на чоколадното зајаче со Линдт. Според Линдт, меѓу зајачињата имало незначителни разлики, што лесно можело да доведе до забуна кај потрошувачите.

Сепак, највисокиот швајцарски суд неодамна пресуди дека дисконтот на супермаркети Лидл повеќе не може да ги продава своите чоколадни зајачиња бидејќи обликот на зајачињата на Лидл е премногу сличен со иконското зајаче на Линд, кое е на пазарот од 1952 година. По одлуката на Лидл му беше наложено даги уништи залихите на чоколадни зајачиња, бидејќи според мислењето на судот „чоколадото како такво не мора во секој случај да биде уништтено, туку истото може да се употреби и за други намени“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *