Свои излагања за Стратегијата изработена во рамките на проектот EU framework contract for the implementation of external aid 2018 europeaid “Support to the bureau for industrial property” имаа проектниот тим лидер г-дин Жељко Топиќ и експертот за права од интелектуална сопственост, адвокат партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски, д-р Валентин Пепељугоски.
Жељко Топиќ се осврна на подготвителниот процес на Националната стратегија додека д-р Валентин Пепељугоски зборуваше за спроведување на правата од интелектуална сопственост.
На настанот свои искуства сподели Лилјана Кутервац, генерална директорка на Државниот завод за интелектуална сопственост на Р. Хрватска, а перспективата на застапниците на интелектуална сопственост ја пренесе Марин Гавриловски.
Во рамки на панелот модериран од Валентин Пепељугоски, Проф. Романа Матановац Вучковиќ од Правниот факултет во Загреб и Претседател на Хрватскиот музички завод зборуваше за Заштита и колективно управување на правата од интелектуална сопственост во ЕУ – искуства од Хрватска, додека на Правата од индустриска сопственост и новините во ЕУ легислативата за интелектуална сопственост се осврна Проф. Јадранка Дабовиќ Атанасовска од Правен факутлет „Јустинијан Први“ во Скопје.