Оглас за вработување – Бараме дипломиран правник или магистар по правни науки (300 ЕКТС)

Адвокатско друштво Пепељугоски има потреба од 1 дипломиран правник или магистар по правни науки (300 ЕКТС):

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – дипломиран правник или магистар по правни науки (300 ЕКТС)
  • Познавање на работата од областа на трговското и корпоративно право
  • Задолжително работно искуство од најмалку 2 години во областа на трговски друштва, трговско право и корпоративно управување
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Познавање и работа со MS Office
  • Одлични комуникациски вештини и тимска работа

Работното време започнува од 08:30 до 16:30 часот од понеделник до петок.

Работниот однос се заснова на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на работниот однос.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Кандидатите потребно е да достават кратка биографија на следната e-mail адреса: sneceva@pepeljugoski.com.mk

Рокот за аплицирање е до 30.11.2021 година

Со доставување на кратката биографија, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Адвокатското друштво Пепељугоски за потребите на избор на кандидат за потребното работно место.

Ве очекуваме во нашиот тим!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *