Правата на интелектуална сопственост во последниве години стануваат сè порелевантни во различни области на политиката, вклучувајќи ги и трговијата, културата и културното наследство, инвестициите, животната средина и научниот и технолошкиот развој. Во овој контекст, не е спорно дека соодветната заштита на интелектуалната сопственост може да придонесе за економски, социјален и културен напредок. Сепак, улогата на интелектуална сопственост покренува прашања што се сложени, брзо се развиваат и честопати се многу контроверзни. Ова особено ако се земе предвид фактот дека заштитата на интелектуалната сопственост треба да балансира помеѓу две спротивставени слободи и права (оние на носителите на правата, наспроти оние на општеството). Д-р Ана Пепељугоска во својот труд „Човековите права и интелектуалната сопственост“, објавен во Justinianus Primus Law Review, има за цел да ги реши главните проблеми при разгледувањето на правата на интелектуална сопственост како човекови права, да обезбеди теоретска дебата на оваа тема и исто така практична анализа на судската практика во оваа област.
Трудот е објавен Justinianus Primus Law Review, volume 11, special edition 2020, – конференцико издание, журналот е индексиран во базите Ebsco и HeinOnline, а се издава по повод конференцијата Annual International Conference 70 years of the European Convention on Human Rights, одржана во Скопје на 06-07.11.2020, организирана од Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Трудот е достапен на следниот линк https://bit.ly/Pepeljugoska_LR