Интелектуална сопственост
Адвокатското друштво Пепељугоски е лидер во полето на интелектуална сопственост на територијата на Република Северна Македонија.
Во оваа област нудиме широк спектар на услуги вклучително и правни мислења и совети за прашања од индустриска сопственост и авторско право. Како регистриран застапник, нудиме можност за реализација на правата од интелектуална сопственост преку заштита на истите со поднесување на апликација пред Државниот завод за заштита на индустриска сопственост и другите надлежните институции, спроведување на истата, се до конечна регистрација на правата од индустриска сопственост.
Исто така, обезбедуваме услуги и во делот на царинската заштита на правата од интелектуална сопственост.
Нашиот тим е искусен во работата на ова поле поради фактот што со оваа проблематика се занимаваат адвокати обучени во конкретната област кои имаат и претходно работно искуство во областа на заштита на правата од интелектуална сопственост.
Важно е да се напомене дека Адвокатското друштво Пепељугоски е европски патентен застапник, што говори за успешноста во ова поле на работа. Квалитетот на нашите услуги е добро познат во регионот и пошироко, правејќи го Адвокатското друштво Пепељугоски застапник за интелектуална сопственост и во Република Косово.
Се од гореспоменатото, придонесе за создвање на богата мрежа на партнери во сите земји во регионот, со кои соработуваме, разменуваме мислења и искуства на полето на интелектуална сопственост.
Како асоцијативен член на ИНТА, имаме можност да се запознаеме со светските трендови во оваа област и истите да ги имплементираме на територијата на Република Северна Македонија, создавајќи пракса која ќе остане понатаму да се применува. Ние сме едни од ретките во Република Северна Македонија кои имаат поднесено пријави на македонски правни и физички лица преку ДСП (Patent Cooperation Treaty) и Европски патентни пријави.