За нас
Формирана во 1999 година од Д-р Валентин Пепељугоски, Aдвокатската канцеларија Пепељугоски за кратко време стана една од најпознатите во Република Северна Македонија и во регионот.
Од Јануари 2013 година, Адвокатската канцеларија Пепељугоски се трансформираше во Адвокатско друштво, при што како партнер е именуван и Александар Трајковски. Од Јули 2019 година за партнер е именувана и Д-р Ана Пепељугоска.
Во моментот функционира како мултидисциплинарнo адвокатско друштво кое ги покрива сите области на граѓанското и кривичното право. Адвокатското друштво Пепељугоски е специјализирано за работење во областа на правото на интелектуална сопственост (авторско право и право на индустриска сопственост), нелојална конкуренција, телекомуникации и медиуми. Неизоставен дел од полето на работа се сите гранки на деловното право како: трговско право, корпоративно управување, договорно право, финансово право, царинско и даночно право, право за заштита на потрошувачите, банкарско право, итн. Во поново време како едни од нашите најценети клиенти се јавуваат познaти компании од енергетскиот сектор во Република Северна Македонија, со што отворивме ново поле за работа на нашиот тим.
Како пионери на полето на заштитата на правата од интелектуална сопственост во Република Северна Македонија, постојано имаме чест да работиме со најпрестижните фирми од државата, регионот, но и пошироко во европски и светски рамки. Посветеноста на нашиот тим и квалитетот на извршената работа ни овозможија да станеме лидери и во областа на деловното и договорното право, за што многупати сме биле повикани како експерти-консултанти за голем број јавни и приватни компании.