Адвокат / Партнер
Д-р Ана Пепељугоска
- 071/262 282
- apepeljugoska@pepeljugoski.com.mk
- Докторира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2017 година на насоката Интелектуална Сопственост. Воедно, носител е и на магистратура на Правниот факултет „Јустинијан Први “ Скопје, со двојна диплома со Универзитетот во Стразбург.
- Положи правосуден испит во 2014 година. Од 2011 година работи во Адвокатското Друштво Пепељугоски, а од 01.01.2015 година работи како Адвокат.
- Од 2019 година е партнер во Адвокатското друштво Пепељугоски.
- Во 2012 година учествува на 19-тиот натпревар за Меѓународна Трговска Арбитража (Willem C. Vis International Commercial Arbitration Competition) во Виена, каде беше наградена со Почесно Признание во рамките на наградата Мартин Домке за најдобар оралист, како и во рамките на тимските награди. Во 2013, 2014, 2015 година беше поканета да учествува како арбитар на натпреварот и е дел од тимот на тренери на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.
- Има учествувано на голем број на семинари и курсеви како што се: IRZ 4te Sommerschule 2014 година, The Hague Academy of International Law 2012 година, IDLO Skopje 2012 година, летната програма на Универзитетот во Бремен за правна терминологија на Германски Јaзик, летни курсеви на Гете Институтот во Германија во периодот од 2004-2008 година.
- Исто така е и автор на повеќе книги, публикации, стручни и научни трудови.
- Зборува одлично англиски, германски, албански и италијански јазик.