Политика за приватност за веб страницата на Адвокатско друштво Пепељугоски Скопје

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци при посетата на веб страницата на Адвокатско Друштво Пепељугоски Скопје.

  • Контролор на збирки на лични податоци

Адвокатско друштво Пепељугоски Скопје со седиште на Ул. Димитрие Чуповски бр. 4/1-1 Скопје, во рамките на својот делокруг на работење при вршењето на адвокатска дејност врши собирање, чување и обработка на лични податоци, поради што се јавува во улога на Контролор на лични податоци.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

  • Офицер за заштита на лични податоци

Офицер за заштита на лични податоци во Адвокатско друштво Пепељугоски Скопје е лицето Дејан Стојаноски.

Контакт информации:

dstojanoski@pepeljugoski.com.mk

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

  • Целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката

Адвокатско друштво Пепељугоски Скопје ја користи веб страницата за развивање на деловните активности и услуги, како и за обезбедување на информации за палетата на услуги и полесен пристап до информации за контакт.

Адвокатско друштво Пепељугоски Скопје врши обработка на личните податоци од веб страницата во согласност со законските основи за вршење на истата, и тоа со давање на согласност од Ваша страна за користењето на „колачиња“ на веб страницата.

  • Чии податоци собираме

На веб страницата можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

– Посетители на веб страницата pepeljugoski.com.mk

  • Категории на податоци кои се собираат и обработуваат
  1. Податоци за навигација ( колачиња)

    При посетата на нашата веб страницата, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб страницата и времето кое го минувате на секоја страница;
  • URL на веб страницата која ве префрлила на нашата веб страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страницата на Адвокатско друштво Пепељугоски;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат преку е-маил

Лични податоци кои ги прибираме се и оние кои Вие доброволно ги доставувате во случај на испраќање на електронска порака директно на нашите е-маил адреси оставени како контакт на веб страницата.

Со испраќање на ваква електронска порака до нашите електронски адреси прибираме податок за Вашата:

  • е-маил адреса;
  • дополнително и други информации кои Вие доброволно сте ги споделиле со нас како содржина на електронската порака.

Ве замолуваме да не споделувате посебни категории на лични податоци, како лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација.

  • Како ги собираме личните податоци

– преку Вашето користење на нашата веб страницата (колачиња)

– преку испраќање на електронска порака директно на нашите електронски адреси

  • Категориите на корисници на личните податоци

Активностите на обработка на лични податоци се извршуваат од страна на вработените  во Адвокатско друштво Пепељугоски, кои се соодветно овластено за истото.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страницата, на трети лица – корисници, освен во случај на барање на АЗЛП, суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.

  • Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката

  • Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се

– право на пристап;

– право на исправка и бришење на личните податоци;

– право на ограничување на обработката на личните податоци ;

– право на преносливост на податоците;

– право на приговор за обработката ;

– право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци;

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Доколку сметате дека начинот на кој Адвокатско Друштво Пепељугоски ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да не контактирате и да ги остварите Вашите законски права за заштита на личните податоци

  • Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за заштита на личните податоци.