Адвокат/Соработник

М-р Филип Србиноски

Магистрира на Универзитетот во Питсбург во 2022 година на програмата меѓународно компаративно, арбитражно право и трговско право, а со специјализација на потпрограмата во областа на правото на интелектуална сопственост и со осврт на конкурентско право и правото на приватност и заштита на лични податоци. Пред студиите во САД, во 2021 година магистрира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Положи правосуден испит во 2023 година, а е дел од тимот на Адвокатското Друштво Пепељугоски од 2021 година.

Има учествувано на повеќе престижни натпревари како Willem C. Vis International Commercial Arbitration Competition во Виена, Investment Arbitration Moot Court  во Франкфурт и LL.M. International Commercial & Investment Arbitration Moot Competition во Вашингтон, каде има добиено и награди и признанија за особен придонес.

Земал учество и активен на стручни семинари и курсеви, автор е на стручни и научни трудови, делува како меѓународен соработник во престижни меѓународни компаративни правни зборници, а воедно е и автор/коавтор на анализи во врска правни прашања и случаи објавени на светски онлајн правни платформи.

Почесен член е во националната организација “The Order of the Barristers” во САД која обезбедува признание за академски достигнувања.

Зборува одлично англиски јазик.