Со развојот на современата технологија, се почести се проблемите кои се јавуваат во сајбер просторот односно во виртуелниот свет. Проблемот на пиратерија на софтверските програми претставува глобален проблем кој е во рамките на нашето поле на дејствување. Работењето со најпознатите софтверски компании во светски рамки ни овозможи да се стекнеме со искуство од областа на правната проблематика во информатичката технологија и ни овозможи да станеме искусни во решавањето на проблемите кои настануваат во оваа сфера.
Како дел од нашите услуги во оваа област се јавуваат изработка на правни мислења и толкувања на регулативата во Република Северна Македонија и компаративно, заштита на авторските права поврзани со софтверот и софтверски програми, Интернет регулативата, спречување на злоупотребата, користењето на легалниот и производството на нелегален софтвер. Истовремено, обезбедуваме судска заштита во случај на настанување на злоупотреба или повреда на носителите на правaта на софтвер или софтверски програми, известување на надлежните институции и тела за постоењето на повреда на авторските права на нашите клиенти и заедничко постапување во насока на спречување на нелегалното произведување, продажба и користење на софтвер и софтверски програми. Исто така, поднесуваме барања за регистрација на домени и обезбедуваме услуги поврзани со е-бизнис, електронска трговија, електронско банкарство, регулирање на статусот и работата на интернет провајдерите, ИП телевизија, дигитална телевизија, и останата дигитална технологија.
Современото општество се отсликува со брз развој на технологијата како движечка моќ на глобализацијата и информатички подем на употребата на лични податоци, поради што водечки предзвик во правото е областа на заштита на лични податоци.
Нашиот тим на искусни адвокати со широки познавања во секој момент е подготвен да одговори на овие современи предизвици и на растечката побарувачка на клиентите за правни услуги од областа на заштита на лични податоци и тоа нудејќи информации, поддршка, консултации, советување, правни мислења и сеопфатна помош во процесот на хармонизација со најновите трендови и регулативи од оваа област, со посебен осврт на европските регулатива во областа на заштитата на личните податоци, како Европската регулатива 2016/679 (GDPR), како и новата домашна законска и подзаконска регулатива за заштита на личните податоци, вклучувајќи го и актуелниот развој на пракса на надлежните регулаторни тела во државата и праксата, мислењата и ставовите на регулаторните тела на европско ниво.
Адвокатско друштво Пепељугоски нуди услуги и на советување, ревизија и помош на клиентите за усогласување на нивната интерна документација со домашната регулативата за заштита на лични податоци, како и услуги на застапување на клиенти во постапките за заштита на лични податоци пред надлежните институции и судови.