Енергетски сектор, концесии и животна средина
Адвокатското друштво Пепељугоски, поседува широк спектар на искуство во енергетскиот сектор, справувајќи се со регулаторни и трансакциони работи. Застапува меѓународни компании со различни полиња на интерес во енергетската индустрија, како на пример: производство на гас и топлина, производство на опрема, развој на проектни решенија, градежни претпријатија, трговци со гас и финансиски институции.
Една од нашите области на работа е помош при издавањето на одобренија за работа пред Регулаторната Комисија за Енергетика, одобренија за приклучување на енергетската мрежа, изградба на гасни, термо и хидро централи, подготовка и поднесување на пријави за енергетска лиценца и проверка на вообичаените трговски договори од оваа сфера.
На полето на енергетскиот сектор со задоволство можеме да истакнеме дека имаме учествувано во постапките за основање на јавно приватно партнерство, подготовка на тендерски документации, јавни објави и сл.
По успешното обезбедување на дозволата и инкорпорација на локалните подружници, Адвокатско друштво Пепељугоски е вклучено во справување и решавање на широк спектар на правни проблеми и прашања кои настануваат во енергетската индустрија (користење на земјишта, финансирање на проекти и сл.).
Адвокатското друштво Пепељугоски, исто така има искуство во процесот на стекнување еколошки дозволи, во согласност со легислативата од областа на животната средина, како и претставување на клиентите пред државните институции.
Адвокатското друштво Пепељугоски има традиција на работење со концесии и договори за јавни набавки со државните претпријатија, поточно: јавни набавки за заедничко вложување, договор за електрична мрежа, процеси на јавни набавки за интернет услуги за општините во земјава, паркинзи, јавно чистење на улиците, концесија во телекомуникациите, концесии за геодетско истражување на сирови минерали.