Адвокат / Основач
Д-р Валентин Пепељугоски
- 070/221-197
- valentin01@t-home.mk
- vpepeljugoski@pepeljugoski.com.mk
- Д-р Валентин Пепељугоски е еден од водечките адвокати во балканскиот регион.
- Како адвокат од 1999 година, тој има долгогодишно теоретско и практично искуство во областа на интелектуалната сопственост, законот за конкуренција, е-трговија, телекомуникации, корпоративно управување и заштита на потрошувачите.
- Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “- Скопје во 1985 година и полага правосуден испит во 1987. Заврши магистерски студии во 1991 година на Правниот факултет во Скопје, а од 2003 година ја носи титулата – Доктор на науки, на Правен факултет во Скопје, на тема: „Заштита на правата од индустриска сопственост од нелојална конкуренција во споредбеното право и во правото на Република Македонија“. Во 1998 година, Пепељугоски го полага испитот за застапник на индустриска сопственост.
- Тој има искуство со работа на проекти / случаи поврзани со интелектуална сопственост во Република Северна Македонија, Косово, Србија, Албанија и на целиот Балкан. Како дел од македонскиот преговарачки тим, Пепељугоски учествуваше во процесот на пристапување кон Светската трговска организација, имајќи длабоко познавање на Договорот на Светската трговска организација – TRIPS Договорот.
- Неговото претходно работно искуство се протега од Заменик министер и Заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, до учесник во билатерални и меѓународни преговори со земјите-членки на Светска организација за интелектуална сопственост и пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Во моментот, тој е член на меѓународната група експерти во врска со прашањата од областа на интелектуалната сопственост, од Договорот од Преспа со Република Грција.
- Валентин Пепељугоски е исто така редовен професор во областа на интелектуална сопственост, конкурентско право, итн, Автор е на голем број универзитетски учебници, како и бројни научни и истражувачки меѓународни трудови. Во текот на своето работење, учествува и на бројни семинари, конференции, симпозиуми.
- Течно зборува англиски, македонски, српски и хрватски јазик, како и германски и бугарски јазик.
- За повеќе од 20 години професионална работа како адвокат и со целокупното искуство и образование, Валентин Пепељугоски овозможи Адвокатското друштво Пепељугоски да се препознава како лидер во областа на правото во Република Северна Македонија, со цел решавање на предизвиците на најбрз и најповолен начин за клиентите, секогаш настојувајќи да ги следи трендовите и новините во работата.