Адвокат/Соработник
М-р Љупчо Црвенпанов
- Дипломира на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје во 2017 година. Во септември 2019 година магистрира на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се здобива со титулата Магистер по правни науки – отсек корпоративно право.
- По дипломирањето, своето искуство го стекнува во адвокатска канцеларија во Велес и адвокатско друштво во Скопје. Правосуден испит положи во 2021 година.
- She has been a part of the Law Office Во декември 2021 година станува дел од тимот на Адвокатското друштво Пепељугоски како адвокатски стручен соработник, а од јули 2022 година ја продолжи својата кариера во Друштвото како адвокат.
М-р Љупчо ЦРВЕНПАНОВ – ОБЛАСТИ НА РАБОТА :
Трговско право; Застапување пред суд – граѓански и стопански спорови; комплетно познавање на трговскиот регистар (подготовка на сите потребни документи и целосно познавање на електронскиот систем при Централниот Регистар); Вработување и трудово право; Застапување пред законодавна власт; Состав на Договори и Преддоговори.
Зборува англиски и српски јазик, а разбира и шпански јазик.