Адвокатското друштво Пепељугоски поседува искуство и во алтернативно решавање на спорови и нуди правни услуги во Арбитража/Меѓународна Арбитража и Медијација, како и DAB постапки.
Членови на нашиот тим се дел од претседателството на Постојаниот избран суд – Арбитража, во рамки на Стопанската комора на Република Северна Македонија и се вклучени како арбитри во повеќе арбитражни институции како VIAC и SCIA.
Во бројни случаи, Друштвото било вклучено во вакви постапки, застапувајќи ги најголемите домашни и странски компании. За успешноста на нашите адвокати особено говори и процентот на задоволни клиенти, како и нашата препознатливост од меѓународен размер.