ОТВОРЕНА ПОЗИЦИЈА: ОФИС МЕНАЏЕР

Адвокатско друштво Пепељугоски вработува организирана, одговорна и комуникативна личност за позицијата Office Manager.

Главни одговорности:

• Организација на секојдневното функционирање на канцеларијата
• Прием и пречек на клиенти и деловни партнери
• Телефонска и електронска комуникација
• Организација и координација на состаноци
• Управување со календар и административни обврски
• Набавка и следење на канцелариски материјали и други потреби на канцеларијата
• Комуникација со добавувачи, сервисери, курирски служби и други надворешни соработници
• Прием, евиденција и распределба на пошта и општа деловна документација
• Организација и одржување на административната архива
• Координација со сметководство за фактури и тековна административна документација
• Водење евиденција за одмори, отсуства и други интерни административни информации
• Поддршка при организација на службени патувања, состаноци и интерни настани
• Други административни задачи поврзани со редовното функционирање на канцеларијата

Потребни квалификации и вештини:

• Одлични организациски и комуникациски способности
• Одговорност, прецизност и внимание на детали
• Дискреција и професионален однос
• Способност за самостојна организација на работата и поставување приоритети
• Добро познавање на Microsoft Office
• Добро познавање на англиски јазик
• Претходно искуство на административна или слична позиција ќе се смета за предност

Нудиме професионална и стабилна работна средина, работа во организиран тим и можност за долгорочен професионален ангажман.

Заинтересираните кандидати може да испратат CV на sneceva@pepeljugoski.com.mk најдоцна до 26.10.2026.

Leave a Reply