Вистинска употреба на трговската марка и продажба на половни производи

Прашањето дали продажбата на половни производи може да се смета за вистинска употреба на трговската марка беше особено покренато во спорот околу правата на трговската марка на Ферари во ЕУ, Testarossa (T-1103/23).

Ферари е сопственик на ЕУ трговската марка, Testarossa од 2007 година. Ферари ја регистрирал трговската марка за производи  како што се автомобили, резервни делови и додатоци и модели на автомобили, меѓу другото.

Во септември 2015 година, беше поднесено барање за поништување на регистрацијата, врз основа на некористење, односно од причина дека трговската марка не била ставена во вистинска употреба во континуиран период од 5 години во однос на производите што ги опфаќаше.

Централното прашање кое се постави беше прашањето дали Ferrari „вистински ја користел“ трговската марка Testarossa во ЕУ пет години во периодот помеѓу 2010 и 2015 година.

Според регулативата за трговски марки на ЕУ, трговската марка подлежи на поништување ако, во континуиран период од пет години, не е употребувана во земја-членка во врска со производите или услугите за кои е регистрирана, а нема основани причини за некористење.

При оценување дали користењето на трговската марка е вистинско, мора да се земат предвид сите факти и околности релевантни за утврдување дали комерцијалното искористување на трговската марка е вистинско, особено дали таквата употреба се смета за оправдана во соодветниот економски сектор за одржување или создавање удел на пазарот за стоките или услугите заштитени со трговската марка, природата на тие стоки или услуги, карактеристиките на пазарот и обемот и фреквенцијата на употреба на трговската марка.

Во првостепената постапка, Ферари подел докази за користење, вклучувајќи статии, слики, список на автомобили сертифицирани од Ферари како Тестароса, разни фактури поврзани со продажба и сертификација на половни автомобили Тестароса и список што ја сумира продажбата на половни автомобили „TESTAROSSA“.

Главното тврдење беше дека луксузниот бренд Ферари ги произведувал моделите Тестароса само дванаесет години, помеѓу 1984 и 1996 година, а потоа го прекинал производството.

Законот за трговски марки им овозможува на бендовите како и на луксузните брендови како Ферари да воспостават и одржат препознатлива вредност и единствени, препознатливи стандарди за квалитет на своите производи на пазарот.

Двете страни поднесоа жалба на одлуката до Одборот за жалби. Сепак, Одборот за жалби утврдил дека, врз основа на поднесените докази, не може да заклучи дека имало вистинска употреба на трговската марка за резервни делови на автомобилите Тестароса бидејќи производството е прекинато, а деловите достапни на пазарот се главно половни делови кои потекнуваат од други половни автомобили.

Спротивно на Одборот за жалби, Општиот суд одлучи дека продажбата на половни автомобили од страна на дилер или дистрибутер со овластување од Ферари претставува индикација дека продажбата е извршена со согласност и може да се смета за вистинска употреба.

Во Републка Северна Македонија, согласно важечките прописи, одржувањето во важност на трговската марка е условено со нејзиното користење во прометот. Носителот на трговската марка е должен заради одржување на трговската марка во важност, да ја користи во прометот на стоките и услугите за кои таа е регистрирана, освен ако постојат сериозни причини за некористењето, независно од волјата на носителот.

Дополнително, користењето на трговската марка од страна на друго лице со одобрение од носителот на правото исто така ќе се смета за употреба од самиот носител.