Во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101 од 21.05.2025 година објавен е новиот Закон за енергетика. Законот предвидува низа законски промени во досегашната регулатива, вклучувајќи зголемена употреба на обновливи извори, повисока енергетска ефикасност и отворен пазар каде граѓаните ќе можат да бидат производители и продавачи на струја.
Во законските одредби, од страна на законодавецот, посебно внимание е посветено на заштитата на ранливите категории и намалување на енергетската сиромаштија, отворање на пазарот за фер конкуренција и вклучување на граѓаните како активни учесници.
Со Законот се обезбедуваат стабилни услови за инвестиции во соларни и ветерни електрани, топлификација, гасификација и дигитална инфраструктура. Главна интенција на законот е поттик за нови домашни и странски инвестиции во секторот, како и овозможување на достапна, стабилна и зелена енергија за сите граѓани.