Новини во Забраните предвидени во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник“, бр. 151/22, 208/24) се уредуваат мерките, дејствијата и постапките кои субјектите и надлежните органи и тела ги преземаат заради откривање и спречување на перење пари, поврзани казниви дела и финансирање на тероризам.

Во членот 58 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се регулирани забраните кои се однесуваат на:

  • Плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
  • Обврските за субјектите што со закон се овластени за регистрација на хартии од вредност, друг имот или правни работи или за пријавување или вршење на пренос на пари, хартии од вредност или друг имот.
  • Обврските во однос на приредувачите на игри на среќа.
  • Трансакции поврзани со размена на виртуелни средства за пари кои се вршат со готовина во износ повеќе од 500 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на вршењето на трансакцијата, во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Од 1 јануари 2025 година, согласно членот 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, ЗАБРАНЕТО е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ поголем од 1.000 евра (во денарска противвредност) во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено.

Претходната забрана не се однесува на приредувачите на игри на среќа. 

Сумите повисоки од дозволениот граничен износ (1.000 евра во денарска противвредност за 2025 година) за плаќање (наплата) ќе се плаќаат преку преку банка, штедилница, односно институција која дава платежни услуги.  

Leave a Reply