Нерегулирани права на вонбрачните партнери

Во современите општества вонбрачната заедница станува сè повеќе застапена и претставува еден од основите за засновање семејство.

Институтот вонбрачна зедница не е непознат и за нашето законодавство, односно вонбрачната заедница во нашето законодавство е уредена со Законот за семејство кој во членот 13 пропишува дека вонбрачна заедница е заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

Иако навидум овој член остава впечаток дека вонбрачната заедница е изедначена во целост со брачната заедница, сепак во пракса постои разлика во правата на брачните и вонбрачните партнери.

Имено, во нашето законодавство со Законот за семејство обезбедена е заштита на правните односи што настануваат од вонбрачната заедница во сферата на издржувањето, со Законот за сопственост и други стварни права обезбедена е заштита на стекнувањето имот, со Законот за облигациони односи обезбедена е заштита во однос на надомест на штета во случај на смрт или тежок инвалидитет на еден од вонбрачните другари, меѓутоа правото на здравствено осигурување, правото на семејна пензија и правото на наследување остануваат вон законската регулатива, иако е повеќе од очигледна потребата за уредување со закон и на овие односи коишто се евидентни помеѓу вонбрачните партнери, но остануваат без потребната заштита.

Оттука, правото на здравствено осигурување, правото на семејна пензија и правото на наследување, се права кои ги остваруваат брачните, но не и вонбрачните партенри.

  • Правото на здравствено осигурување – Со Уставот на нашава држава на секој граѓанин

му се гарантира правото на здравствена заштита, но исто така секој граѓанин има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје, како и здравјето на другите.

Уставната гаранција на ова право, за секој граѓанин, сепак не е целосно поддржана во Законот за здравствено осигурување. Имено, врз основа на задолжителното здравствено осигурување на осигуреникот се обезбедува задолжително здравствено осигурување и на членовите на неговото семејство, доколку не се осигурени по друг законски основ, а како членови на семејството, врз основа на овој закон, се сметаат само брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување. Партнерите во вонбрачната заедница, независно што живеат со осигуреникот во заедничко семејство, согласно сопогоре споменатиот закон, не се сметаат за членови на семејството на осигуреникот.

  • Правото на семејна пензија – Проблемите во остварувањето на правата на

вонбрачните партнери егзистираат и во остварувањето на правата од пензиско-инвалидското осигурување, поточно тие се надвор од пензискиот систем на државата, што значи немаат никаква можност за остварување на такви права.

Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување семејна пензија можат да остварат членовите на семејството во кое спаѓаат брачниот другар, децата родени во брак или надвор од брак или посвоени, посиноци кои ги издржувал осигуреникот, внучињата и други деца без

родители, коишто ги издржувал осигуреникот. Во оваа категорија се опфатени и родителите,

односно татко, мајка, очув и маќеа, како и посвоителот, кои ги издржувал осигуреникот.

Интересен е ставот во наведениов закон кон разведениот брачен другар кој има право на семејна пензија, доколку со судска одлука му е утврдено право на издржување. Меѓутоа, такво право не е предвидено за вонбрачниот партнер, доколку и тој има обезбедено право на издржување, со оглед на реалноста на таквата можност којашто произлегува од изедначувањето на вонбрачната со брачната заедница, токму во поглед на правото на меѓусебно издржување, согласно со Законот за семејство.

  • Правото на наследување Според Законот за наследувањето предвидена е

рамноправност во наследувањето. Имено „граѓаните под исти услови се рамноправни во наследувањето“. Меѓутоа, ваквата рамноправност е делумна, бидејќи се однесува само на лицата коишто, според Законот,можат да се јават како наследници, а не на сите граѓани.

Согласно одредбите од Законот за наследување, кругот на законски наследници се определува според:  сродство, брачна врска и живеење во трајна заедница.

Сите можни законски наследници на оставителот се поделени во три наследни реда, така што

наследниците од поблискиот наследен ред ги исклучуваат од наследство лицата од подалечниот наследен ред. Во првиот наследен ред се опфатени сите деца на оставителот и неговиот брачен другар. Доколку оставителот не оставил потомци, како наследници се јавуваат лицата од вториот наследен ред, а тоа се родителите на оставителот. Со нив во овој наследен ред влегува и неговиот брачен другар, односно браќата и сестрите или нивните потомци, во случај да не се живиродителите на оставителот или родителите на потомците.

Третиот наследен ред е предвиден за  дедовците и бабите, доколку оставителот не оставил ниту потомци, ниту тие оставиле свои потомци, ниту брачен другар.

Во кругот на законски наследници, покрај сродството и брачната врска, влегуваат како наследници и лица коишто живееле во трајна заедница со оставителот.

Такви лица се: чуваникот и хранителот, посинокот и паштерката, очувот и маќеата, снаата,

свекорот и свекрвата, зетот, тестот и тештата и лица кои се крвни роднини, коишто живееле вотрајна заедница, под услов оставителот да не оставил брачен другар и други наследници од претходните редови.

Во долгата низа од законски наследници сепак не е предвидено соодветно место за правото

на наследување на вонбрачниот другар, без оглед на траењето на вонбрачната заедница, со што истата е повторно дискриминирана и во наследно-правната област. Уште повеќе што во самиот Закон за наследувањестои дека во поглед на наследувањето вонбрачното сродство се изедначува со брачното. Сепак, во наследните редови вонбрачниот партнер не е опфатен како наследник.