На 12.06.2024 година Европскиот Суд ја блокираше регистрацијата на GPAY, брендот под кој Гугл е препознатлив при онлајн плаќања. Причината за одбивањето е фактот што постои голема сличност помеѓу трговската марка на Гугал и онаа на бугарската компанија EРay AD. Ова особено ако се земе во вид фактот дека и двете трговски марки се користат во обезбедување на финансиски услуги.
Главниот аргумент на Гугл во овој спор е дека за бугарите не може да постои сличност помеѓу двете трговски марки од причина што во бугарскиот јазик зборот „плаќа“ (pay) не е идентичен со англискиот термин кој е искористен. Тие приложиле и статистика од Еуростат која потврдува дека поголемиот дел од популацијата во Бугарија не зборува странски јазики, вклучително и англиски. Понатаму, Гугл изложил дека зборот „pay“ не треба да ужива заштита затоа што е описен елемент на трговската марка во давата случаи, а притоа разликата помеѓу буквите G и Е е доволна за да постои дистинкција на двете трговски марки.
Согласно законодавството на ЕУ, доколку една трговска марка е регистрирана во една од 27те држави членки и истата се смета за слична во голема мера со друга нова пријава за трговска марка во држава членка на ЕУ или во ЕУЛ како целина, ова претставува проблем при евентуална регистрација на новата марка.
Оттука останува отворено прашањето дали Гугл ќе пристапи кон промена на својата трговска марка или ќе направи аквизиција на EРay AD.