Проф. д-р Валентин Пепељугоски на состанок на Професионалниот комитет за едукација (PEC) на Европскиот патентен институт (EPI) во Минхен

Професионалниот комитет за едукација (PEC) на Европскиот патентен институт (EPI) на 28 и 29 септември во Минхен го одржа својот редовен состанок. Овој комитет е еден од најважните комитети на Европскиот патентен институт, во кој членуваат европските патентни застапници. Во Професионалниот комитетот за едукација Северна Македонија ја преставува проф. д-р Валентин Пепељугоски. На состанокот, кој беше прв состанок во живо после пандемијата се разгледуваа извештаите на под комитетите. Посебен акцент беше ставен на реформата на професионалниот испит за Европски патентни застапници, од аспект на користење на електронските платформи и потешкотиите во комуникацијата меѓу студентите и туторите. Ова со цел да не се случи новите средства на комуникација да доведат до намалување квалитет на едукација на кандидатите и намалување на стапката на проодност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *