На 20.11.2025 година, Европската комисија ја претстави својата Потрошувачка агенда за 2030 година, стратешки план за политиката на ЕУ за потрошувачите во следните пет години. Агендата има за цел да ја зголеми довербата на потрошувачите, да обезбеди јасни законски рамки, да го подобри спроведувањето и да ги поедностави деловните процеси во услови на зголемување на трошоците за живот и растот на е-трговијата.
Клучните приоритети на Агендата вклучуваат:
• Задржување на Единствениот пазар: Акцискиот план ќе ги отстрани прекуграничните бариери за потрошувачите и ќе ја разгледа Регулативата за геоблокирање за да се спречи неправедна дискриминација на потрошувачите од сите земји членки.
• Дигитална праведност: Претстојниот Закон за дигитална праведност ќе ги заштити потрошувачите, особено децата, од штетни онлајн практики како што се темните модели и неправедната персонализација.
• Одржлива потрошувачка: Напорите ќе се фокусираат на борба против „green washing“, промовирање одржливи и поправливи производи и поддршка на иницијативите за циркуларна економија.
• Засилено спроведување: Комисијата ќе ги зајакне правилата за борба против небезбедните, неусогласени производи, кои се надвор од стандарните и неправедната конкуренција, вклучително и ревидирање на прописите за спроведување и евентуално создавање орган за надзор на пазарот на ЕУ.
Оваа Агенда ја балансира заштитата на потрошувачите со конкурентноста и социјалната праведност, прилагодувајќи се на еволутивниот дигитален и економски пејзаж во ЕУ.

